Виеира сериозен претендент за клупата на Арсенал

by
1 минути читање

Поранешниот
фудбалер на Арсенал, Патрик Виеира се споменува како еден од главните и
посериозни претенденти за клупата на тимот од Лондон, односно замена за
долгогодишниот шеф на стручниот штаб на таа екипа, Арсен Венгер.

Французинот
одигра 279 натпревари во дресот на Топчиите каде постигна и 29 погодоци во
периодот од 1996. до 2005. година.

Виеира веќе втора
сезона ја обавува функцијата стратег на клупата на американски Њујорк Сити, а
постои опција Венгер да си замине од Арсенал претстојново лето, откако притисокот
врз него за такво нешто од ден на ден е се поголем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани