Веста дека Фиорентина ќе ја исплаќа договорената плата со Астори на неговото семејство е лажна?!

by
1 минути читање

Во текот на вчерашниот
ден поголем дел од медиумите пренесоа дека Фиорентина донела одлука да го
испочитува непотпишаниот нов договор со Давиде Астори, кој беше пронајден мртов
во својата хотелска соба во пресрет на мечот со Удинезе.

Во текот на тој ден, Астори
требаше да потпише доживотен договор со Фиорентина и до крајот на својата
кариера да остане во клубот, дури и по неа, за да биде дел од раководството на
клубот.

Наводно, Фиорентина
донела одлука да ја исплаќа договорената сума со фудбалерот претходно, на
неговото семејство, поточно на неговата сопруга и дете.

По сите пишувања низ
медиумите, се огласи и Фиорентина, која се чини дека стави јасно дознаење дека
таа вест која претходно проструи низ јавноста е сепак лажна.

Фиорентина се уште е во
шок од драматичниот момент, бараме само молк и почит од сите
“ порачаа од
клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани