Вест Хем одби понуда од Кина за Арнаутовиќ

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги објави Скај, се вели дека Вест Хем одбил понуда вредна 35
милиони фунти за напаѓачот Марко Арнаутовиќ, понудата пристигнала од кинески
клуб, засега неименуван, но, Австриецот останува во Лондон.

Од Вест Хем
испратија јасна порака за тоа дека Арнаутовиќ не е на продажба, а од таму
додаваат дека понудата вредна 35 милиони фунти е далеку од реалната вредност за
фудбалер од класата на Арнаутовиќ.

29 годишниот
напаѓач ланската сезона постигна 11 погодоци, а во новата сезона има осум погодоци
на 17 настапи.

Арнаутовиќ за
момент се најде во фокусот на вниманието на фудбалската јавност откако не ја
прифати среќно одлуката на Мануел Пелегрини да биде заменет на дуелот со
Бирмингем во ФА купот каде Вест Хем славеше со 2-0, а еден од погодоците беше
дело токму на Австриецот, Пелегрини за ова коментираше дека напаѓачот бил
гневен на таа одлука само една минута, ништо повеќе од тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани