Вест Хем го отпушти расистот!

by
1 минути читање

Тони Хенри јавно изјави дека Вест Хем не сака веќе африкански фудбалери бидејќи тие лошо се однесувале во соблекувалната кога не играле.

Ваквата негова изјава наиде на бурни реакции од јавноста, па Вест Хем брзо му врачи суспензија и најави истрага. Подоцна се јави и фудбалерот Сако кој замина во Рен со изјава дека англискиот клуб не ги сака црните фудбалери.

Суспензијата денеска стана и отказ, клубот потврди дека Тони Хенри е отпуштен од клубот.

„Вест Хем денеска го раскина договорот со директорот за регрутација на фудбалери Тони Хенри по неговите неприфатливи коментари кои беа објавени во медиумите. Нашиот потег следи по комплетна истрага. Вест Хем нема да толерира било каков вид на дискриминација. Фамилијата на Вест Хем ги вклучува сите без разлика на пол, години, способност, раса, религија или сексуална ориентација, сите се чувствуваат добредојдени и вклучени“, стои во соопштението на Вест Хем.

Со изјава се јави и тренерот Дејвид Мојс.

„Коментарите се погрешни, ние во последниот ден од преодниот рок потпишавме со двајца играчи од Африка, па можам само да кажам дека коментарите се погрешни. Ние секогаш сакаме да купиме добри фудбалери, најдобрите кои се достапни за нас без разлика од каде тие доаѓаат“, вели Мојс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани