Вест Хем го натерале Паје да ја врати јануарската плата

by
0 минути читање

Според „Скај Спортс“, Вест Хем го принудиле Паје да ја врати платата за јануари бидејќи одбивал да игра за тимот сакајќи да замине во Марсеј.

Паје бил условен да ги врати парите назад со тоа што доколку не го сторел тоа, клубот немало да ја прифати понудата на Марсеј.

Паје неделно заработува 125.000 евра, што значи дека месечната плата која требал да ја врати изнесува половина милион евра.

Димитри Паје доцна синоќа потпиша за Олимпик Марсеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани