Македонецот
синоќа имаше одлична партија на Бентегоди која ја круниса со погодок, негов прв
оваа сезона, со кој донесе три важни бода и ја извади Џенова од зоната за
испаѓање.
Но домаќините
имаат замерки и веруваат дека голот на Горан Пандев е од офсајд, поточно на
зачетокот од акцијата Таарабт се наоѓа во недозволена ситуација.
Од повторените
снимки се чини дека фудбалерот на Џенова навистина е најблиску до голманот на
домаќините, но судијата не досуди ништо.
За поплаките на
Верона, Горан Пандев вели: „Судиите на помош го имаат ВАР и чим видео
технологијата го призна, тоа значи дека е регуларен”.
„Мојот гол беше
многу важен, ни помогна да победиме, но тимот е пред се останато. Триумфот и трите
бода се од големо значење, натпреварот беше многу тежок”.