84
Голот со рака на
Алексис Санчез е моментот за кој сите зборуваат по победата на Арсенал од 2-0
над Хал Сити.
Нормално, тоа
беше прво прашања кое новинарите му го поставија на Арсен Венгер, а
менаџерот на Арсенал одговори во свој стил, исто како и за многу други спорни
моменти во минатото.
„Не го видов“ –
рече Французинот. „Од трибината на која седев не видов што точно се случи“.
„Жал ми е за Хал,
но не можам да влијаам на тоа“.
Од таборот на
„Тигрите“ изјавија дека Марк Клатенбург веднаш им се извинил и признал дека
погрешил.