Венгер вели дека Канте го одбрал Челси поради парите, но дали тоа е вистинската причина?

by
3 минути читање

Н’Голо Канте
минатата сезона беше извонреден во дресот на Лестер, па го привлече вниманието
на голем број клубови.

За разлика од
Џејми Варди и Ријад Марез, кои решија да им останат верни на „Лисиците“, Н’Голо
Канте стави јасно до знаење дека сака трансфер во поголем клуб.

Французинот на
крајот се договори со Челси и сега е важна алка во тимот на Антонио Конте.

Во пресрет на
дуелот помеѓу Челси и Арсенал, Арсен Венгер откри дека се обидел да го ангажира
Н’Голо Канте но играчот одбрал преселба на Стемфорд Бриџ поради парите.

„Се обидов да го
ангажирам Канте, еднаш кога беше во Франција и уште еднаш кога играше за Лестер
– рече менаџерот на „Топчиите“ на
денешната пресконференција.

„Не можам да
објаснам с
è (зошто играчот го одбрал Челси) но е прилично очигледно доколку
видите каде замина
.

„Дали поради
парите? Не сакам да говорам за ова
.

И додека Арсен
Венгер сугерира дека парите се главната причина зошто Канте се преселил во
Челси а не во Арсенал, тој потроши повеќе пари за да купи сличен фудбалер од средниот
ред.

„Сините“ за
услугите на Н’Голо Канте платија околу 32 милиони фунти, додека пак Арсенал
искешира 35 милиони за Гранит Џака, кој има потешкотии при адаптацијата
на Премиерлигата и не ги оправдува очекувањата.

Н’Голо Канте на
Стемфорд Бриџ има неделна плата од 110.000 фунти, што и не е така многу за
Премиерлигата, додека пак Гранит Џака има неделни примања од околу 90.000 фунти
на Емирати.

Но и од спортски
аспект одлуката на Н’Голо Канте во овој момент изгледа исправна, Арсенал има
уште една разочарувачка сезона во која топ четири пласман е главната цел,
додека пак Челси има комфорно водство на врвот и важи за прв фаворит за
титулата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани