69
Арсен Венгер изјави дека преговорите помеѓу Манчестер јунајтед и Арсенал може да бидат успешни, а опцијата е Алексис Санчез да се пресели на „Олд Трафорд“, а Хенрих Мхитарјан во Арсенал. Сепак, клучниот збор во целите преговори се чини го има ерменскиот интернационалец.
„Договор може да се склучи, а може и не. Доколку не падне договор, Санчез ќе игра во сабота. Работам со трансфери цели 30 години, можеби ќе се случи тоа, но никогаш нема гаранции за такво нешто“ истакна Венгер
Долгогодишниот француски стратег од клупата на тимот од Лондон, додаде дека финансиските барања на Мхитерјан нема да бидат проблем за Арсенал, кој истовремено пријавува голем интерес и за Бразилецот од редовите на Бордо, Малком.