Венгер се пожали дека немало судиско продолжение по негатива од 3-0, а свое гледиште за поразот од Сити има и Вилшир

by
3 минути читање

Се чини дека тешко му е
на Арсенал да се помири со убедливиот пораз од Манчестер Сити со 3-0 во финалето
од англискиот Лига Куп.

Арсен Венгер се пожали
дека немало судиско продолжение, иако резултатот гласеше 3-0 за тимот на
Гвардиола, за детали од средбата се пожали и Џек Вилшир, кој смета дека одредени
судиски одлуки му наштетиле на неговиот тим.

Тешко ми е да ги опишам
емоциите од вчера. Сити е добар тим и ја заслужи победата вчера. Многу луѓе
имаа што да кажат за нас и ние треба да ги прфатиме критиките кога ќе загубиме.
Но тажно е што не можам да прифатам одредени одлуки кои се случија против нас
вчера. Што и да кажете за првиот гол, тој е постигнат по прекршок, вториот гол
е офсајд. Требаше да има втор жолт картон во првото полувреме. Да, сево ова се
случува во фудбалот, но тешко е да се прифати
“ напиша Вилшир на социјалните
мрежи.

Луѓето велат бараме
изговори, но тие се фактите. Како и да е, ние мораме да одговориме, почнувајќи
од среда, благодарност до сите Топчии за нивната поддршка и верувајте ми, ние
го имаме истото чувство како и вашето, но мораме да бидеме заедно
“ додаде тој.

Hard to put into words my emotions about yesterday. City are a good team and deserved to win yesterday. Alot of people have had thier say on us and we have to accept cristism when we lose. That being said i can't accept some of the decisions that went against us yesterday. What ever you say about the first goal, its a foul. The second goal is offside. There should have been a second yellow in the first half. Yes this happens in football but its still hard to accept. And people will say we are looking for excuses but these are facts. Anyway we need to respond, starting on thursday. Thanks to all the gooners for your support and trust me we feel the same but we need to stick together

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани