Манчестер Сити „гази“ оваа сезона, има рекордна серија од 15 победи во низа и 16 триумфи на 17 натпревари.
„Граѓаните“ се на пат да го повторат достигнувањето на „Топчиите“ од сезоната 2003/04, кога Арсенал стана шампион без да загуби и доби епитетот „непобедливи“.
Самиот Арсен Венгер вели дека Пеп Гвардиола може да го предводи Манчестер Сити до вакво достигнување и објасни која а разликата помеѓу неговиот Арсенал и овој тим на Шпанецот.
„Видете, ние имавме само идеи, тие имаат нафта и идеи“ – вели Французинот. „Па тоа ги прави поефикасни“.
„Мислам дека се на добар пат да ја завршат сезоната без пораз, но има уште многу.
Запрашан што точно мисли под „нафта“, Венгер потврди дека мисли на парите кои Манчестер Сити ги доби откако клубот премина во рацете на сопственици од Абу Даби.
Изминатово лето Пеп Гвардиола трошеше како никогаш претходно и беа искеширани преку 220 милиони фунти на засилувања.
„Тие имаат ресурси. Пари и квалитет. Кога се во прашање директорите, менаџерот и играчите тие имаат се што е потребно за успех“.