63
Екипата на Ватфорд
засега ги одработува своите цели онака како што ги зацрта пред стартот на
новата сезона од англиската Премиерлига, со 22 бода се наоѓа на средина од
табелата, а се чини дека има намера да оди нешто понапред.
Британски „Експрес“ известува
дека Ватфорд е сериозно заинтересиран да во своите редови ги доведе Лук Шо од
Манчестер јунајтед, како и Тео Волкот од Арсенал.
Познато е дека Шо не е
во плановите на Жозе Мурињо, а Волкот мака мачи да се врати во својата стара
препознатлива форма, ниту тој не е во првичните планови на Арсен Венгер, па
португалскиот стратег Марко Силва сака да ја искористи оваа ситуација.