По цели 13 години верна служба во дресот на Лестер сити, легендарниот напаѓач Џејми Варди летово ќе стави точка на својата приказна со клубот што минатата сезона заврши со испаѓање во Чемпионшип. Веќе се шпекулира каде 38-годишниот голгетер ќе ја продолжи својата кариера, а официјална потврда се очекува наскоро.
И покрај годините, Варди и понатаму покажува дека има што да понуди на теренот, поради што неколку клубови изразиле интерес за неговиот ангажман. Сепак, како што пренесуваат британските медиуми, искусниот напаѓач најверојатно ќе се пресели надвор од англискиот фудбал, но ќе остане на елитно ниво.
Како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува шпанската Валенсија. Тимот од „Местаља“ во вториот дел од сезоната направи вистински пресврт и од борба за опстанок, до трка за пласман во европските натпреварувања. Варди, според најавите, не би бил прва опција во нападот, но со своето искуство и лидерски квалитети може да биде значаен адут за младиот состав на „лилјаците“.
Останува да се види дали некогашниот шампион на Премиер лигата ќе го избере шпанското сонце за последна фудбалска станица во својата славна кариера.