128
По победата против Силекс во Кратово, Вардар многу брзо им се врати на поразите, овој пат загуби со 1-0 од Скопје кој води грчевита битка за опстанок.
Клучниот момент се случи пред самиот крај на првото полувреме кога Демир се проби од левата страна и додаде до осамениот Кофи кој од близна погоди за водство на Скопје од 1-0 кое се покажа и како конечен резултат.
Шкендија со убедливи 3-0 го победи Работнички. Жуниор, Тодоровски и Алими беа стрелците на головите за новиот шампион на Македонија.
Значајна победа оствари Пелистер кој со 3-2 ја совлада екипата на Ренова. Победа загуби на гостувањето кај Академија Пандев со 1-0, а Шкупи и Силекс одиграа нерешено 1-1.
Фото: ФК Вардар