Кожуф по шест кола во ВМФЛ ќе добие нов тренер

by Стефан
0 минути читање

Кожуф и Дарко Крстески ја прекинаа соработката. Гевгелискиот клуб преку социјалните мрежи потврди дека досегашниот тренер повеќе нема да го предводи тимот.

Кожуф не го започна најдобро новото првенство во Втората лига. По досегашниот дел од сезоната, тимот се наоѓа на десеттото место со седум освоени бодови, само три повеќе од Еуромилк, кој моментално е во зоната за испаѓање.

Клубот во следниот период ќе треба да го пронајде новиот предводник, а новиот стратег првиот предизвик ќе го има веднаш по репрезентативната пауза. Кожуф во рамките на следното коло ќе се соочи со лидерот Детонит.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×