По неубедливите партии против Шкендија и Ренова, Вардар конечно забележа триумф и тоа во самиот финиш од мечот ја победи екипата на Македонија Ѓорче Петров.
Вардар поведе рано со гол на Лира во 19. минута, но по девет минути игра во вториот дел, Боби Божиновски го изедначи резултатот на 1-1. Долго време тој беше актуелен кога во 90. минута Дарко Мицевски го врати водството на црвено-црните, а во 93. минута Попзлатанов ги постави конечните 1-3.
Шкендија полесно од Вардар дојде до победата, тие ја совладаа Беласица во Струмица со 2-0 со головите на Емини и Тотре.
Работнички со 3-1 ја совлада Победа. Шаркоски, Џефри и Петковски донесоа предност од 3-0, во самиот финиш Прилепчани преку Набуезе го намалија резултатот.
Шкупи со гол на Ангелов ја совлада Академија Пандев со 1-0. Бодовите ги поделија Ренова и Силекс играјќи 1-1. Кратовчани имаа водство преку Алексовски, бод за тимот од Џепчиште донесе Стојановски.
Вардар остана лидер со 27 бода, Шкендија има 25, трета со 19 бода е Академија Пандев, Работнички има 17, Победа 14, Македонија ЃП 13, Беласица 13, Ренова 13, Шкупи 12 и Силекс 11.