Вардар денес го дознава и следниот европски ривал

by 24 фудбал
1 минути читање

Вардар денеска ќе го дознае потенцијалниот ривал во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, бидејќи во 12:00 часот ќе се одржи ждрепката во Нион.

Македонскиот првак најпрво треба да го мине фински Купс, но веќе денеска ќе добие јасна слика за можниот следен предизвик на европската сцена. Добра вест за „црвено-црните“ е што се наоѓаат меѓу носителите, па можат да добијат и поповолен противник од шампионите на Луксембург, Фарски Острови, Сан Марино, Северна Ирска, Летонија или Велс.

Во Вардар сигурно посакуваат да ги избегнат незгодните Архус и Мјалби, како и азербејџанскиот Сабах. Во оваа фаза не постои можност за дуел со посилни и позвучни ривали како Црвена Звезда, Динамо Загреб, Слован Братислава, Целје и Хапоел Бер Шева.

Доколку не успее да го елиминира Купс, Вардар ќе ги продолжи настапите во квалификациите за Конференциската лига, а потенцијалниот противник во тоа натпреварување ќе го дознае на ждрепката закажана за 14 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×