81
Пред повеќе од два месеци УЕФА му врачи условна суспензија на Вардар. Македонскиот клуб до денеска требаше да ги подмири долговите кои ги имаше заклучно до 30. септември.
„Спорт 1“ информира дека Сергеј Самсоненко денеска, во последниот ден од предвидениот рок ги исполнил барањата на УЕФА и ги исплатил долговите, Вардар нема да биде суспендиран од Европските натпреварувања.
Во Вардар владее подобра атмосфера отколку во првиот дел од сезоната кога иднината на клубот беше доведена во прашање, па дури имаше и најави за штрајк од тренерите во младинско-пионерската школа.
Повеќе за ова прочитајте на „Спорт 1“.
Фото: ФК Вардар