Вардар ако ја мине Рига, оди на победникот од дуелот Атерт – Ѓер, додека Шкендија ако го помине тимот на Браво ќе игра со подобриот од двомечот Малишева – Хибернијан.
Денеска беше одржана ждрепката за 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции, а со тоа нашите два претставника Вардар и Шкендија ги добија можните ривали.
Доколку ја помине Рига, Вардар ќе се сретне со подобриот од тимот на Атерт (Луксембург) и унгарски Ѓер. Ѓер важи за голем фаворит, и треба да нема проблеми да се пласира во следната фаза.
Шкендија, пак, ќе патува во Шкотска или Косово, ако го мине словенечкиот тим Браво. Тетовските „црвено-црни“ при пласман во 3. коло, ќе игра со подобриот од мечот Малишева – Хибернијан.