215
На три кола до
крајот на првиот дел од сезоната во првенството на Македонија, Шкендија е на
добар пат да стигне до есенската титула и ја дели само една победа од овој
наслов.
Попладнево
Работнички ја продолжи кризата на Вардар откако славеше со 0-1 со голот на
Пеев, додека пак тетовчани беа сигурни на домашен терен и го совладаа Силекс со
убедливи 5-0.
Па Шкендија сега
има +6 на врвот на табелата и покрај тоа што пред месец ипол имаше негатива од
седум бода во однос на Вардар.
На останатите
средби од 15. коло во ПМФЛ, Академија Пандев со 2-1 славеше над Победа,
Беласица со 3-1 ја совлада Ренова, а Македонија ЃП и Шкупи одиграа 2-2.
Фото: ФК Работнички