25-годишниот бразилски напаѓач стави потпис на двегодишен договор со Вардар и ќе го носи дресот со број 7.
Тој претходно има настапувано за бразилски и индонезиски клубови. Во Вардар доаѓа од бразилскиот клуб Сао Бернардо.
„Драго ми е што потпишав за Вардар, и со нетрпение чекам да заиграм во новиот клуб. Знам дека станува збор за најдобриот клуб во Македонија кој секогаш има високи амбиции и цели како на домашна, така и на меѓународна сцена. Се надевам дека со моите настапи и голови ќе придонесам Вардар да дојде до титулата, како и до успешни настапи во Европа. Исто така посакувам брзо да се наметнам кај стручниот штаб и очекувам добро да бидам прифатен од моите нови соиграчи“, изјави Вилијан Лира за официјалниот сајт на Вардар.