Скопје остана без тренер

by Стефан
1 минути читање

Муарем Муарем повеќе не ја извршува функцијата тренер на Скопје. Клубот и стратегот ја прекинаа соработката по само осум одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига, во период во кој тимот не успеа да запише победа.

Муарем го презеде Скопје на стартот на сезоната, но резултатите не ги исполнија очекувањата. Под негово водство, скопјани освоија само три бода, со три нерешени натпревари, додека петпати беа поразени.

Лошиот биланс го остави Скопје на последното место на табелата, по што двете страни одлучија да стават крај на соработката.

Муарем се прости од клубот преку социјалните мрежи, при што ѝ се заблагодари на управата за довербата што му ја укажа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×