По серијата слаби резултати, Вардар ризикуваше со пораз во Кратово да му дозволи на Силекс да се замеша во трката за второто место на табелата. Сепак, „Црвено-црните“ одиграа на ниво и по месец дена се радуваа на победа.
Се беше решено во воведниот период од мечот. Најпрво Попов погоди по нафрлување од корнер во 14. минута, а Исени реализираше за 0-2 пет минути подоцна. Вардар мечот го заврши со двајца играчи помалку. Најпрво Попов поцрвени по еден час игра, а потоа во финишот и Блажевски беше исклучен откако заработи два жолти картони.
Во долниот дел на табелата, Победа со 2-1 го победи новиот шампион Шкендија и освои три важни бода во битката за опстанок и местото кое носи бараж. Скопје со убедливи 4-0 триумфираше над Пелистер во дербито на дното. Работнички и Шкупи пак во пресметката за излез во Европа одиграа 1-1, а Ренова со 2-1 ја совлада Академија Пандев.