По дуелите со Стеауа и Амкар, на Вардар му остануваа уште три пријателски меча во Анталија, но клубот договори уште две дополнителни контролки, противници ќе бидат Хајдук од Сплит и Локомотив од Пловдив.
Вардар на 2. февруари игра против Дукла Прага, ден подоцна се среќава со Хајдук, на 5. е закажан дуелот со Анжи, а три дена подоцна со Локомотив Пловдив, пријателските средби завршуваат со дуелот против Терек Грозни на 9. февруари.
Од првите два меча Вардар има пораз и реми. Загуби од Стеауа со 1-0, одигра нерешено со Амкар 1-1.
Распоред на натпреварите до крајот на подготовките:
02.02 – Вардар – Дукла Прага
03.02. – Вардар – Хајдук Сплит
05.02. – Вардар – Анжи Махачкала
08.02. – Вардар – Локомотив Пловдив
09.02. – Вардар – Терек Грозни