Рафаел Варан,
францускиот дефанзивец од Реал Мадрид се шпекулираше дека е на листата на желби
на Манчестер јунајтед подолг период.
Тоа што исто така
се споменуваше во тие шпекулации беше и Жозе Мурињо кој наводного повикал
својот поранешен избраник во Реал Мадрид со кого соработуваа заедно, да му се
приклучи на тимот од Олд Трафорд, но, Французинот негираше дека тој директно
бил вклучен во убедувањата.
„Не, не директно
од него. Постоеја контакти, но истите не беа директни“ рече Варан.
Варан истакна дека
се чувствува многу посигурен на теренот кога игра со брзи фудбалери, бидејќи го
контролира делот од теренот каде игра, како еден од физички посилните фудбалери
со кои би можел да игра на теренот го издвои и Лукаку, за кого рече дека е „вистинска“
сила на терените.