ВАР „заглави“ во Премиер лигата: Гол на Нотингем се проверуваше повеќе од шест минути (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Одредени ситуации тешко можат да се проценат и во време на ВАР технологијата, а најчесто проблем со технологијата имаат судиите во Премиер лигата.

Денеска повторно гледавме една сцена во кој погодокот на Никола Миленковиќ од Нотингем форест се проверуваше подолго од шест минути.

Ентони Еланга одлично нафрли од еден слободен удар, а Миленковиќ ја зафати топката и ја смести во мрежата на Вест Хем. Судиите во ВАР собата долго време проценуваа дали српскиот дефанзивец е во регуларна позиција при изведувањето на прекршокот за на крај да го потврдат погодокот и Нотингем да поведе со 0-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани