62
Од оваа сезона и видео технологијата им помага на судиите во Серија А, но и таа не е безгрешна.
„Без последното коло, во кое се надевам дека немаше грешки, ВАР направи 16-18 грешки оваа сезона“, вели Рицоли.
„Техологијата не е имуна на грешки, тоа е невозможно. Но целта е да се намали бројот на грешки“.
„Ние следиме многу прецизен интернационален протокол, кој треба да ги елиминира грешките колку што е можно повеќе“.
Поделени се мислењата за ВАР технологијата, има такви кои не ја сакаат, сметаат дека таа ја уништува убавината на фудбалот, други велат дека е одлично решение.