Ванда: Има клубови кои се спремни да ја платат клаузулата за Икарди, но…

by
1 минути читање

Икарди имаше одлична сезона во дресот на Интер, со 29 голови беше еден од најзаслужните што тимот обезбеди место во Лигата на шампионите. Но и покрај тоа нема да биде во составот на аргентинската репрезентација.

Ванда Нара вели дека има клубови кои би дале и 110 милиони евра за Икарди колку што е откупната клаузула, но негов приоритет е да остане во Интер.  Откупната клаузула важи само за неколку недели во јуни, па ако некој сака да го ангажира ќе мора да го направи тоа брзо.

„Има некои големи клубови кои се подготвени да ја платат откупната клаузула која е многу висока, но гледајќи ги сумите кои циркулираат во фудбалот сега и тоа каков играч е Мауро, таа сума не е некоја посебна“, вели Ванда Нара.

„Има многу клубови кои притискаат, но негов приоритет е Интер. Ќе има состанок со спортскиот директор, денес неговиот приоритет е да остане тука“.

„Ме иритира кога луѓето го потценуваат Мауро, а него го сакаат трите најдобри тима во светот“.

„Ќе видиме како ќе се одвиваат разговорите со Интер, или ќе потпише нов договор или ќе си замине, но неговиот приоритет е да остане тука и да ја реши ситуацијата пред заминување на одмор“.

Трите клуба за кои зборува Ванда Нара се Реал Мадрид, ПСЖ и Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани