„Нероаѕурите“ и
Аргентинецот подолго време се во преговори за нов договор, но двете страни
никако да пронајдат заеднички јазик.
Од Аргентина
попладнево дојдоа информации дека Мауро Икарди нема да ја продолжи верноста со
Интер, а само неколку часа подоцна се огласи и Ванда Нара.
„Во моментов
далеку сме од обнова на договорот. Многу далеку сме од согласност со Интер.
Бројките за кои зборуваат во Италија не се точни и се уште немаме добиено
понуда од Интер која ги задоволува нашите барања“ – вели сопругата на
голгетерот за АС.
„Не исклучувам во иднина да си подадеме рака, но во моментов сме далеку од
договор. Не е логично да го обновиме договорот за сума која тој сега ја добива.
Веруваме дека Мауро вреди повеќе“.
„Важни клубови
сакаат да го ангажираат Икарди. За него се распрашуваат двата најголеми клубови од
Шпанија со кои имаме одличен однос, плус клуб од Англија и уште еден од
Франција“.
Барселона и Реал
Мадрид се двата клуба од Шпанија, ПСЖ е тој од Франција, додека Челси или
Манчестер јунајтед е клубот од Англија. Останува да се
види дали Ванда Нара го користи ова интервју за да обезбеди подобра позиција во
преговорите со Интер, или напаѓачот навистина решил да замине од Милан.
Според Газета дело Спорт, следната недела треба да има преговори на кој се
очекува Ванда да побара плата од 8 милиони евра по сезона, додека пак Интер ќе
понуди 7 милиони евра, колку што заработува уште една млада аргентинска ѕвезда во
Серија А, односно Пауло Дибала од Јувентус.
„Нероаѕурите“
сакаат да го обноват договорт на Мауро Икарди со цел да ја тргнат или зголемат
откупната клазула. Како што стојат работите во моментов, Аргентинецот во првите
две недели од јули може да биде купен за 110 милиони евра.