Работнички донесе одлично засилување во дефанзивата за преостанатиот дел од сезоната. Македонскиот репрезентативец, Ванче Шиков стана романтичар.
„Ванче Шиков е долгогодишен репрезентативец на Македонија и неговите квалитети се несомнени. Драго ни е што успеавме да се договориме и тој во наредните шест месеци ќе го носи дресот на нашиот клуб“, изјави претседателот Драган Поповски.
Задоволен од ангажманот е и самиот Шиков кој смета дека во овој момент Работнички бил најдобра опција.
„Постигнавме договор со Работнички и во пролетниот дел од шампионатот ќе го носам дресот на овој клуб. Мислам дека во моментов го одбрав најдоброто решение за мене. Имав неколку понуди и од Казахстан, но не сакав повторно да ми се случи непријатна епизода како во Азербејџан. За мене најважно во овој момент е да играм стандардно и токму затоа го одбрав Работнички. Верувам дека ќе помогнам клубот да ги исполни своите зацртани цели за излез во Европа“, изјави Ванче Шиков.
Покрај Шиков, Работнички денеска потпиша и со 30-годишниот црногорски напаѓач Иван Вуковиќ.