Дејли Блинд беше еден од
приоритетните фудбалери за кого раководството на Манчестер јунајтед имаше
посебна борба до неговиот потпис во времето додека тој настапуваше во Ајакс.
Репрезентативецот на
Холандија не е во прв план кај Жозе Мурињо, а тој доби совети да го напушти
клубот и да се пресели во Барселона, токму од човекот кого го донесе на „Олд
Трафорд“, Луј Ван Гал.
„Тој дури ниту на
клупата за резервни фудбалери не се наоѓа понекогаш. Дејли може да игра на
повеќе од една позиција и во Барселона тој никогаш нема да седи на трибините,
мислам дека целосно би се вклопил во тој клуб, неговото ниво и квалитет многу
повеќе одговара во Шпанија отколку во Англија“ рече поранешниот стратег од
клупата на Манчестер јунајтед.