Ливерпул и Тотенхем
одиграа лудо и мошне возбудливо реми со резултат 2-2, а дури три погодоци беа
постигнати на обете страни во последните десет минути игра, што доволно говори
за тоа што се случуваше во самата завршница од средбата.
Сепак, доста
контроверзна беше одлуката на арбитрите да се додели најстрога казна во
моментот кога Кариус ја расчисти опасноста пред својот гол по налетот на Кејн,
прашањето е дали тоа беше симулација од напаѓачот на Тотенхем, или одлуката за
пенал беше оправдана, дефанзивецот на Ливерпул, Ван Дајк смета дека тоа било
глума на Кејн, и ништо повеќе од тоа.
„Мислам дека тоа беше
глума, можете да го видите (Кејн) многу јасно и чисто за тоа како симулира
прекршок, тоа е мое мислење. Доста голема дискусија оваа ситуација, мое мислење
е дека тоа не беше пенал. Сите можат да се уверат од видео снимките дека беше
глума, но ништо повеќе од тоа“ рече Ван Дајк.
class="twitter-video" data-lang="en">
Инаку
Кејн го промаши ударот од белата точка по кој Тотенхем можеше да поведе со 1-2,
набргу потоа Салах донесе предност за Ливерпул, а токму Кејн од вториот обид од
белата точка ги постави конечните 2-2 од оваа средба.