По одиграни десет кола во Премиер лигата, Манчестер Сити се наоѓа на второто место на табелата, со шест бода заостанување зад водечкиот Арсенал.
И покрај тоа што не се лидеи,, „граѓаните“ се најефикасниот тим во Англија со вкупно 20 постигнати гола, од кои дури 13 се дело на неверојатниот Ерлинг Халанд.
Меѓу останатите стрелци за Сити се запишаа: Черки, Фоден, Матеус Нуњес, Орајли и Рејндерс, сите со по еден погодок.
Интересен е податокот дека втор стрелец на тимот моментално е играч кој воопшто не настапува за „граѓаните“. Станува збор за фудбалерот на Барнли, Максим Естев, кој на меѓусебниот натпревар одигран на 27 септември си постигна два автогола, придонесувајќи Сити да слави убедливо со 5-1.
