564
Спортинг велезе како голем фаворит на гостувањето кај Есторил кој се бори за опстанок, но не ја оправда таквата улога, домаќините славеа со 2-0 со погодоци постигнати до 30. минута од мечот.
Зелено-белите се мачеа да се вратат во натпреварот, но не успеаја да постигнат ниту еден гол до крајот на натпреварот.
Стефан Ристовски од клупата го проследи натпреварот, предност на овој меч доби другиот бек, Пичини.
По овој кикс Спортинг падна на третата позиција со 50 бодови, Бенфика е втора со ист број на бодови. Лидер е Порто со 52 бода но и меч помалку, имаат заостанат натпревар токму со Есторил.