Пресметката
помеѓу лутите ривали Интер и Јувентус понуди се што се очекуваше: голема битка,
контроверзии, пресврти, возбуда и драматичен финиш.
На крајот
Јувентус си замина од „Џузепе Меаца“ со три бода откако во завршницата од мечот
постигна два гола за 120 секунди.
Еден од
најспорните моменти е исклучувањето на Весино, поради кое домаќините
практично цел натпревар играа со играч помалку. Уругваецот задоцни со еден
старт и го нагазна Манџукиќ. Судијата во прв момент извади жолт, но откако со
помош на ВАР ги прегледа повторените снимки, реши да ја промени одлуката и да
покаже црвен.
За овој потег се
водат многу полемики на социјалните мрежи, а сликите од соблекувалната на
„Старата Дама“ веројатно се доказ плус за тоа дека одлуката на Орсато била
исправна.
Вака изгледа
ногата на Манџукиќ по стартот на Весино: