Тотенхем славеше синоќа
во дербито против Манчестер јунајтед со 2-0 на домашен терен.
Една од главните ѕвезди
на зимскиот јануарски преоден рок, Алексис Санчез, ги одигра сите 90 минути на
средбата на мечот кој се одигра во Лондон, но не се прослави.
Од тоа што се гледа, 29
годишниот Чилеанец не креирал ниту една шанса за тимот, ниту пак за него во
текот на мечот, а тој дури имал само два допира со топката во казнениот простор
на Тотенхем.
„Во второто полувреме се
обидов да му дадам позиција каде најмногу ќе се пронајде себе си и ќе биде
близу Лукаку, но тој потфрли во обидите да ја организира играта, сепак, даде се’ од себе“ рече португалскиот стратег од клупата на
Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо по дербито.