Улрајх се огласи по скапата грешка против Реал (ФОТО)

by
2 минути читање

29 годишниот
Германец е најголемиот трагичар од синоќешниот реванш помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Свен Улрајх оваа
сезона доби невозможна задача, да го замени извонредниот Мануел Нојер помеѓу
стативите, и одлично си ја вршеше работата се до вчера.

На почетокот од
вториот дел, Толисо врати една топка а голманот тргна да ја фати со рака. На
сред пат сфати дека тоа ќе биде индирект па ја преиначи одлуката и реши да
избива. Сето ова придонесе тој комично да реагира, да ја промаши топката и да
му подари гол на Карим Бензема.

Свен Улрајх беше
„скршен“ по крајот на мечот и елиминацијата на Баерн, долго време сам седеше на
тревата. Голманот сега се огласи на социјалните мрежи за да го понуди своето
извинување.

„Немам зборови со
кои можам да опишам колку сум разочаран од елиминацијата во Лигата на
шампионите. Очајно посакувавме да играме во финале, го дадовме максимумот и
потоа се случи таа моја непотребна грешка. Не можам да ја објаснам. Жал ми е…
поради тимот и поради вас навивачите
– напиша Свен Улрајх на Инстаграм.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани