УЕФА не го казни ПАОК за навредите кон Македонија

by
1 минути читање

На мечот помеѓу ПАОК и Шалке, домашните навивачи имаа огромен транспарент, „Македонија е една и единствена и е тука“. Се очекуваше дека сигурно ќе заработат казна за вавкиот политички момент, но тоа изгледа нема да се случи.

УЕФА му прогледува низ прсти на ПАОК, а од друга страна се декларира како строг борец против политика, национализам и расизам на фудбалските терени.

Поради навивачки инциденти УЕФА им изрече казни на Динамо Киев и Бешикташ кои ќе платат по 60.000 евра.

УЕФА информира дека е отпочната и дисциплинска постапка против Ростов за користење на пиротехника на мечот против Спарта Прага, но нема ништо против навивачите на ПАОК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани