УЕФА го одби Милан, но „Росонерите“ не паничат: Го очекувавме ова, спогодбено ќе се договориме

by
1 минути читање

Она што беше најавено уште минатаат недела вечерва е и официјално, УЕФА го одби предлогот на Милан. „Росонерите“ имаат нови сопственици па се обидоа да постигнат доброволен договор за Финансискиот фер плеј.

Но УЕФА има сомнеж за новите газди од Кина, особено долгот кон менаџментот Елиот од преку 300 милиони евра, како и гаранциите кои не можел да ги обезбеди главниот акционер.

Но од таборот на Милан не се загрижени премногу и порачуваат дека ваквата одлука е очекувана.

„Одлуката беше прилично очекувана“ – вели генералниот извршен директор Марко Фасоне.

„УЕФА побара документи за кои беше практично невозможно да им го обезбедиме, па сега одиме на спогодбен договор“.

Со спогодбен договор, Милан ќе мора да прифати одредена казна, како парична глоба, рестрикции на бројот на играчи кои ќе ги пријави во Европа или задржување на премиите од настапот во Европа. Клубот ќе има и одредени ограничувања околу менаџирање на долгот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани