УЕФА го избра тимот на колото во Лигата на шампионите (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Зад нас се осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите, а од УЕФА го објавија тимот на колото во кој по двајца фудбалери имаат Барселона и Арсенал, а по еден член: Реал Мадрид, Баерн Минхен, Астон Вила, Клуб Бриж, Борусија Дортумнд, Интер и Ливерпул.

На голот е Алисон кој правеше чуда и покрај стрелецот Елиот беше најзаслужен што Ливерпул славеше победа на гости кај ПСЖ. Потоа во одбраната се: Де Кујпер, Емре Чан, Павар и Тимбер.

Средниот ред го сочинуваат: Роџерс, Педри и Одегард, а во нападот: Рафиња, Кејн и Родриго.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани