105
На 5. јануари УЕФА ја казни Црвена звезда играње на еден натпревар пред празни трибини и глоба од 50.000 евра поради истакнување на транспарент за поддршка на гернералот Ратко Младиќ на мечот со БАТЕ Борисов.
Црвена звезда пушти жалба на ваквата одлука на УЕФА, правниот тим на српскиот клуб ги образложи аргументите со кои бараат укинување на казната за играње на меч без публика.
Беше најавено дека денес ќе биде соопштена одлуката на УЕФА, но таа е одложена за понеделник.
Доколку не биде прифатена жалбата на УЕФА, Црвена звезда мечот со ЦСКА Москва ќе го игра пред празни трибини.