УЕФА безмилосна, потврдена е драконската казна за Скендербег

by
1 минути читање

Европската куќа
на фудбало и официјално ја потврди одлуката која воедно е и најголемата казна
за еден клуб во историјата на фудбалот.

Албанскиот првак
Скендербег е исфрлен од сите европски натпреварувања во времетраење од десет
години, а покрај тоа ќе треба да плати и парична казна од еден милион евра.

Сево ова доаѓа по
местење на резултати, а клубот од Корча се шпекулира дека ги местел
натпреварите со Крусајдерз, Спортинг Лисабон, Локомотив Москва, како и Динамо
Загреб во европските натпреварувања. Генерално, казната не се основа само на
претходно наведените натпревари, туку дури 53 кои ги има на број а се од големи
криминални димензии.

Ќе потсетиме дека
инспектори кои од УЕФА го истражуваа овој случај добиваа смртни закани, а со
ова, Скендербег ја мина Прилепска Победа која пак заработи суспензија од седум
години од натпреварите под капата на УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани