Убавиот подарок од Гризман за Торес во финалето од Лига Европа

by
2 минути читање

Колчонероси“
вчера се радуваа на трофејот во Лига Европа откако во финалето со 3-0 го
совладаа Марсеј. Најзаслужен за триумфот беше Антоан Гризман, кој постигна два
гола.

Французинот сепак
не е во центарот на вниманието само поради одличните перформанси, медиумите од
Шпанија пишуваат за еден негов голем гест кон финишот од мечот.

По треиот гол на
Атлетико со кој се беше јасно, Антоан Гризман се доближил до клупата и му кажал
на Моно Бургос да го извади од игра. Напаѓачот не го сторил ова поради тоа што
бил изморен или повреден, или пак да добие аплауз на отворена сцена.
Популарниот „Гризи“ сакал Фернандо Торес да добие неколку минути и да учествува
во големиот спектакл, па инсистирал да биде заменет токму со „Ел Нињо“.

Помошникот на Диего
Симеоне веднаш одговорил на барањето и Фернандо Торес доби неколку минути во
Лион.

За Шпанецот, кој
заминува по кајот на сезоната, ова беше првиот трофеј во дресот на Атлетико. По крајот на мечот рече: „Детски сон ми беше да станам шампион со Атлетико и
сега ми се оствари. За мене ова е фантастичен крај. Секогаш ќе му бидам
благодаран на овој тим
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани