Младата
македонска фудбалска репрезентација за играчи до 21 година веќе ја одигра
првата контролка во Подгорица каде ги одмери силите со Србија, загуби минимално
со 1-0, а по првите 45 минути игра мрежите мируваа.
Стрелец на
единствениот гол за победничкиот табор беше Терзиќ кој во 58. минута им нанесе
пораз на избраниците на Добринко Илиевски, а на контролката беа доделени
неверојатни три црвени картони.
Во нашиот табор
исклучени беа Руфати и Трајановски, а кај противникот предвреме во
соблекувалната беше испратен Бирманчевиќ.
Илиевски се реши
мечот да го почне во следниот состав: Божиновски, Јованов, Трајановски, Руфати, Ристовски, Атанасов,
Здравковски, Трапановски, Митровски и
Тодороски.
Следната
контролка, овој пат со домаќинот Црна Гора, е предвидена да се одигра во понеделник.
Фото-вест: ФФМ (архива)