„Тука нешто смрди!“ – сериозни обвинувања за Арсенал, Венгер не се повлекол туку добил ОТКАЗ?!

by
2 минути читање

Французинот по 22
години на кормилото на Арсенал ќе ја напушти функцијата менаџер. Ваквата одлука можеби беше очекувана, но во исто време и прилично изненадувачка бидејќи немаше никакви сигнали дека Арсен Венгер
заминува и покрај тоа што фановите ова го бараат повеќе од една година.

Според денешното
издание на Сан, разделбата не е онаква како што клубот од Северен Лондон ја
престави вчера. Весникот обвинува дека стратегот не се повлекол туку добил
отказ и бил принуден и под притисок од сопствениците од САД. За тоа што
заминува пред истекот на договорот, тој ќе добие богато обесштетување од 11
милиони фунти.

Со сличен напис
излезе и Тајмс, чија сторија вели дека Арсен Венгер е разочаран бидејќи
практично бил избркан од Арсенал по 22 години. Бордот на клубот меѓу редови му пренел на Французинот дека ќе добие отказ по крајот на сезоната доколку не се
повлече сам. Клубот во знак на благодарност за се што има сторено до сега, му
дозволил на Арсен сам да го одбере тајмингот на соопштението.

Со ваква теорија
излезе и поранешната легенда на Арсенал, Јан Рајт кој рече: „Арсен Венгер е
принципиелен, иксрен и човек со интегритет. Затоа сум убеден дека добил отказ а
не наместо како што се вели дека сам одлучил да се повлече
.

„И покрај сите
навреди на негова адреса, Арсен нема шанси да замине пред да го одработи
договорот во целост. Жално и тажно е што се дојде до една ваква ситуација, и
мислам дека никогаш нема да дознаеме што точно се случило и кој е одговорен за
ова, сигурен сум дека ќе се штитат едни со други
.

„Еден ден дава
пресконференција и не навестува ништо, и веќе следниот си заминува. Тука нешто
смрди!

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани