Тухел врати две големи имиња во составот на Англија, но повторно прашалници за неговиот ибор

by bojan
2 минути читање

Томас Тухел го објави списокот на „Трите лава“ за натпреварите во Лигата на нации, Кол Палмер и Трент Александер Арнолд повторно се враќаат во репрезентацијата, но повик и понатаму не добива Морган Гибс Вајт.

Томас Тухел покрена голема дебата со составот на Англија за Светското првенство, изостави неколку звучни имиња, помеѓу кои Кол Палмер, Трент Александер Арнолд, Фил Фоден и Хари Мегваер.

За новата сезона во Лигата на нации, Германецот направи одредени корекции и реши да ги врати Кол Палмер и Трент Александер Арнолд, кои се дел од новите 10 имиња.

Повратници во репрезентацијата се и Мајлс Луис Скели, Доминик Калверт Луин, Џарард Брантвајт како и двоецот на Њукасл, Луис Хол и Тино Ливраменто.

Младите Рио Нгумоха и Алекс Скот исто така добија повик, како и голманот Џејсон Стил.

Но Англија има доста квалитетни играчи, па повторно има многу прашалници околу селекцијата на Томас Тухел, главните замерки сега се зошто го нема Морган Гибс Вајт од Нотингем Форест, кој на високо ниво ја одигра минатата сезона, а така ја започна и новата.

Од оние кои настапија на мундијалот, сега ги нема Дин Хендерсон, Ден Брн, Џон Стоунс, Рис Џејмс, Џед Спенс, Џордан Хендерсон, Нони Мадуеке, Ајван Тони и Оли Воткинс.

Воведниот натпревар на „Трите лава“ е пресметката против Шпанија на Вембли на 26. септември, потоа следат гостување кај Чешка и Хрватска, за на домашен терен да имаат и втор натпревар против Чешка.

Составот на Англија:

Голмани: Џордан Пикфорд (Евертон), Џејсон Стил (Брајтон), Џејмс Трафорд (Лидс)

Одбрана: Трент Александер-Арнолд (Реал Мадрид), Џарад Брантвајт (Евертон), Трево Чалоба (Комо), Марк Геји (Манчестер Сити), Луис Хол (Њукасл), Езри Конса (Арсенал), Тино Ливраменто (Њукасл), Нико О’Рајли (Манчестер Сити), Џарел Кванса (Баер Леверкузен)

Среден ред: Елиот Андерсон (Манчестер Сити), Џуд Белингам (Реал Мадрид), Мајлс Луис-Скели (Арсенал), Коби Мајну (Манчестер Јунајтед), Кол Палмер (Челзи), Деклан Рајс (Арсенал), Алекс Скот (Борнмут)

Напад: Доминик Калверт-Луин (Лидс), Еберечи Езе (Арсенал), Ентони Гордон (Барселона), Хари Кејн (Баерн Минхен), Рио Нгумоа (Ливерпул), Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Морган Роџерс (Челзи), Букајо Сака (Арсенал)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×