Тухел го презеде кормилото во ПСЖ

by
1 минути читање

Томас Тухел и
официјално е нов шеф на стручниот штаб на ПСЖ, за ова стигна и потврда од
самиот клуб каде 44 годишниот фудбалски стратет доаѓа на местото на Унаи Емери,
кој беше на таа функција во клубот две сезони.

Се радувам што
ќе работам со фудбалери какви што ги има во својот состав овој клуб, тие се
помеѓу најдобрите во светот. Ќе дадам се
од себе за да реализираме големи успеси. Тимот има
огромен потенцијал, овој предизвик за мене е огромен
“ рече Тухел.

Германскиот
тренер постигна две годишен договор со францускиот првак, а освен Борусија
Дортмунд, претходно ги предводеше и екипите на Мајнц и Аугзбург.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани