Тудор во секој случај би го одбил Јувентус, бара поинаков вид на проект

by 24 фудбал
1 минути читање

Постоеше можност и имаше шпекулации дека Јувентус среде ноќ по поразот од Аталанта го контактирал Игор Тудор.

Сепак, сега италијанските медиуми пренесоа дека Хрватот воопшто не е отворен за соработка со својот поранешен клуб, барем не под најавените услови. Се зборуваше дека Тудор би бил преодно решение до крајот на сезоната, а тоа не му се допаднало нему.

Доколку Тудор потпише со нов клуб, тој барал подолг договор и проект од само неколку месеци. Најавите велат дека тој на маса има две понуди од Серија А и моментално ги оценува.

Клупата на Тијаго Мота сериозно се ниша, ама веројатно клубот ќе му дозволи да ја доработи сезоната во недостиг на опции во моментов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани