Јувентус остана без победа во дербито со Лацио откако прими гол во 96. минута, а по натпреварот главна мета на критики беше Игор Тудор.
Хрватскиот стратег ги изненади сите со несекојдневните измени во самиот финиш – реши да ги извади од игра токму двајцата фудбалери кои влегоа во текот на второто полувреме. Консеисао влезе во 46. минута, Аџиќ во 76., но и двајцата беа повлечени од теренот на шест минути пред крај, кога Тудор ја искористи последната измена и ги внесе Влаховиќ и Гати.
„Признавам дека одлуката беше чудна, а веројатно и болна за самите фудбалери, но тоа го сторив за доброто на тимот. Верував дека ќе добиеме на квалитет, искуство и стабилност со Гати и со Влаховиќ и затоа одлучив така. Им се извинив на Консеисао и на Аџиќ за потегот, но не кријам ако треба пак би го сторил истото“, порача Тудор по натпреварот.