1,7K
Српските медиуми пишуваат дека ТСЦ Бачка Топола и Спартак Суботица се договориле за трансфер на македонскиот фудбалер, Андреј Тодороски.
Тодороски со своите игри за Спартак во првиот дел од сезоната го привлече вниманието на побогатите клубови во Србија. Тој на 19 мечеви постигна шест голови, што за фудбалер од средниот ред е одлична статистика.
Нов клуб на Тодороски треба да биде ТСЦ Бачка Топола која се договорила со Спартак за трансфер вреден 450.000 евра, клубот од Суботица ќе има и 20 отсто од наредната продажба на Македонецот.